Членовите на ММФ се загрижени од резултатите од француските избори

од Vladimir Zorba

Членките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ветија дека ќе работат за намалување на светските дебаланси, но се воздржаа да ја повторат својата посветеност да одолеат на сите форми на протекционизам, пренесоа светските агенции.

Во завршното коминике од пролетната средба на ММФ, која се одржува во Вашингтон, зборот “протекционизам” недостасува. “Го потврдуваме ангажманот да.. .ги избегнуваме политиките фокусирани на сопствените интереси, и да ја зачуваме светската финансиска стабилност”, се наведува во документот.

Вниманието е насочено кон нова закана

Во време кога има поделба на трговската политика, земјите – членки го насочија вниманието кон друга опасност која демнее врза светската економска интеграција – првиот круг од претседателските избори во Франција, пренесе Ројтерс.

За време на пролетните средби на ММФ и Светската банка даде тревога дека десничарската УМП Марин Ле Пен и крајнолевичарски кандидат Жан-Лук Меланшон, кои се критичари на Европската унија, можат да се најдатт на првите места на денешното гласање и тие да се присоединат кон загриженоста од трговската политика на САД.

“Во салата беше јасно признато дека најверојатно се движиме од големи финансиски и економски ризици кон повеќе геополитички ризици”, рече на прес-конференција директорот на ММФ Кристин Лагард, која е поранешен министер за финансии на Франција и предупредува дека евентуално претседателство на Ле Пен може да доведе до политички и економски катаклизми.

Француските избори може да бидат трет удар за бранителите на слободната трговија за помалку од една година по референдумот за членството на Велика Британија во ЕУ и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Инвеститорите се плашат дека евентуалниот втор круг меѓу Ле Пен и Меланшон би ги вознемириле финансиските пазари, коментира агенцијата.

Ветувањата за борба против протекционизмот веќе не се актуелни

Во завршното коминике земјите ветуваат да се воздржат од конкурентска девалвација на валутите и да не ги користат девизните курсеви за конкурентни предности. Тие се ангажираат исто да работат заедно за намалување на прекумерните светски дебаланси, следејќи соодветна политика, како и да ја зајакнат придонес на трговијата за нивните економии.

Коминикето во голема мера треба да е формулација и од изјавата на Г-20 по средбата во Баден-Баден, Германија, минатиот месец, каде министерот за финансии на САД Стивен Мнучин изјави дека ветувањата за борба против протекционизмот веќе не се актуелни.

Централниот банкар на Мексико Агустин Карстенс ја омаловажи редакцијата на документот, велејќи дека зборот “протекционизам” е релативен. “Употребата на зборот” протекционизам “е многу неодреден”, рече тој.

Според него министрите вклучени во Управниот одбор на ММФ, се едногласни за важноста на трговијата и за растот и за потребата да се обезбедат единствени правила за сите во меѓународната трговија.
Крајната цел е да извлечеме корист од трговијата. Тоа никој не го негира, нагласува Карстенс, кој претседава со 189-члениот совет.

Во завршното коминике се наведува дека иако светската економска се обновува и тоа забрзано, растот се уште е умерен и ММФ предупредува дека политичката несигурност се засилува.

Слични содржини