Директниот судар на два патнички воза во јужна Германија со десет жртви и десетици повредени е предизвикан од „човечка грешка”. Ова го изјави извор, близок до истрагата, јавува германската новинска агенција ДПА.

ap_781522665631_wide-81c39cceb6bcf4e09db1537c2a3ee83efa37466d-s800-c85

Засега не е јасно кој точно е одговорен за несреќата.

Во несреќата 18 лица се тешко повредени, а 63 се со полесни повреди, соопшти полицијата.

Се смета дека лице кое се води како исчезнато, се уште се наоѓа меѓу остатоците од возот. Полицијата вели дека нема големи шанси тој да преживеал.

Слични содржини