Човечкиот фактор ја менува климата веќе 2 века

од Vladimir Zorba

Човековата активност почнала да влијае на растот на температурите и на морското ниво не во 20 век, туку уште во 30-те и 40-те години на 19 век, или во текот на првата индустриска револуција, се вели во написот на списанието ” Nature “.5034291

“Ова откритие нè изненади самите нас. Ретко се случува сите податоци да го покажуваат истото. Глобалното затоплување, чии жртви денес сме сите ние, е започнато уште пред 180 години “, вели Нери Ејбрам од Националниот универзитет на Австралија во Канбера. Екипата ги истражувала температурните осцилации за последните 500 години. Научниците објаснуваат дека дрвените прстени, поларниот мраз, талогот на дното на езерата, а исто така и структурата на коралите и карпестите формации, претставуваат своевидни климатски “Летописи”. Во себе тие содржат информации за тоа како се менувале температурите на воздухот, водата и други во различни краеви на Земјата во различни историски епохи.

Според истражувањето други фактори исто така имаат влијание на глобалното затоплување. На пример, во 20-те и 30-те години на 19 век планетата постепено почнала да се загрева како последица на силната вулканска и соларна активност во тоа време. Човековата активност сепак имала значително поголемо влијание од другите фактори, бидејќи затоплувањето се должи најмногу на низа одделување на јаглерод диоксид и други стакленички гасови во атмосферата.

Слични содржини