Christian Louboutin креираше чевли во стилот на Star Wars

од desk4

Кој би претпоставил дека Christian Louboutin е обожавател на “Војна на ѕвездите”?

За да го прослави промоцијата на новиот филм, познатиот дизајнер се обедини со Disney за да создаде линија чевли инспирирани од најпознатите иконски ликови од филмот – Реј, Адмирал Холдо, Капетан Фасма и Роуз Тико.

Моделите се ставени на аукција од денеска до 20 декември, а дел од средствата ќе бидат донирани за добротворна фондација, која ги поддржува критично болните деца во болниците.

Покрај чевлите потпишани од страна на дизајнерот и од актерките од Star Wars, клиентите ќе добијат втор пар и шанса да го посетат студиото и специјална проекција на филмот.

Понудата почнува со цена од 2.000 долари, но услужниот пакет се проценува на по 10.000 долари.

Дополнителен модел ќе биде претставен на аукцијата откако ќе биде официјално претставен на премиерата на филмот.

Проверете ги чевлите во нашата галерија.

Слични содржини