Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа соопшти дека се обратил до лидерите на европските институции и на членките на евроозната со молба да ја изменет одлуката на Еврогрупата за прекин на програмата за помош на Грција, барем додека не заврши референдумското изјаснување, на граќаните на Грција.

пари банки

– Само тие можат да ја сменат одлуката на Еврогрупата и да и дозволат на Европската централна банка (ЕЦБ) да го обнови финансирањето на грчките банки, посочи Ципрас во обраќање до нацијата.

Тој нагласи дека Владата на Грција ќе ги гарантира банкарските депозити и исплатата на плати и пензии за населението, потврдувајќи ја при тоа владината одлука за времено затворање на банките и на атинската Берза.

Ципрас додаде дека одлуката на кредиторите на Грција за отфрлање на барањето на Атина за „кусо продолжување“ на финансиската програма за спас, претставува „чин без преседан“, чија цел е да се доведе под сомнеж способноста на една земја да го реши проблемот што го загрозува нејзиниот суверенитет.

– Со таквата одлука Европската централна банка денеска реши да ја ограничи ликвидноста на грчките банки и ја принуди централната Банка на Грција да прогласи „банкарски одмор“ и да го ограничи повчекувањето на пари, изјави Ципрас.

ЕЦБ вчера соопшти дека внимателно ја следи состојбата во Грција со масовното повлекување на пари од грчките банки и дека е подготвена да ја „преразгледа својата одлука“.

Слични содржини