„Грците гласаат за иднината на својата земја“, ова го изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, откако гласаше на референдумот за прифаќање или одбивање на условите на кредиторите, соопшти ТАСС.

cipras
“Денес е ден на граѓанинот, и само тој директно може да земе разумно решение за националните интереси и грижа за иднината на земјата и народот”, истакна претседателот. Тој го дели мислењето дека без оглед на исходот од референдумот, Грците се должни да го сочуваат националното единство. “Затоа ние одиме напред заедно”, додаде Павлопулос.
Премиерот Алексис Ципрас, кој гласаше заедно со претседателот, изјави дека “никој не може да ја игнорира волјата на народот”. Според неговите зборови “денеска е празник, бидејќи демократијата – тоа е празник, тоа е радост”. “Кога демократијата ги победува стравот и уцена, тогаш тоа е и спас и излез”, додаде Ципрас.

Слични содржини