Со своите предлози за реформи во замена за помош Атина се стреми за конечен излез од кризата, изјави  грчкиот премиер Алексис Ципрас, според кого предлозите ќе им бидат претставени на партнерите до крајот на неделата, пренесоа британските медиуми.

cipras

– Расправата мина во позитивна атмосфера. Процесот ќе биде брз, тој почнува во следните неколку часа со цел да заврши најдоцна до крајот на неделата, рече Ципрас пред новинарите по завршувањето на средбата на лидерите од еврозоната.

Грчката страна ќе ги продолжи своите напори, поддржана од мноштво орудија – пресудата на грчкиот народ, волјата на широкото мнозинство за да ја реализираме спогодбата, што ќе ги заврши приказните за Грекзит и ќе ја покаже перспективата за конечниот излез од кризата, рече Ципрас.

Еврозоната покажа политичка волја на Грција да и даде уште една шанса, рече новиот грчки министер за финансии Евклидис Цакалотос, цитиран од француските медиуми, по средбата со своите нови колеги во Брисел/MIA

Слични содржини