Премиерот на Грција Алексис Ципрас ќе ја посети Русија на 18 април. Посетата е со 1 месец порано од претходно планираната, соопшти владин извор во Атина, цитиран од АФП.

0855929001418489504_462534_600x458_actualno

Премиерот ќе го посети Кремљ, на покана на рускиот претседател Владимир Путин, чија средба претходно беше предвидена за на 9 мај, кога Русија ќе ја прослави 70-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. Канцеларијата на премиерот одби да го коментира тврдењето на анонимни владин извор.

Презакажувањето на датумот за посетата најверојатно е поврзано со тешката финансиска криза која ја тресе Грција. Атина сака да ја запознае руската страна со тешката економска ситуација во земјата, предизвикана од најтешките преговори со партнерите од Европската унија, пишуваат грчките медиуми.

Слични содржини