За време на разговорите на лидерите од еврозоната во ноќта меѓу понеделникот и неделата грчкиот премиер Алексис Ципрас во еден момент не издржал и го симнал сакото од себе и се обратил кон германската канцеларка Ангела Меркел со зборовите: „И тоа ли сакате да го земете?“Tsipras_merkel_9c5992_ml

Потоа италијанскиот премиер Матео Рензо ги повикал учесниците: „Ако сте одлучиле да ја исфрлите Грција, бидете одговорни и кажете!“

Во еден часот среде ноќ разговорот се зажестел до таква мера, што министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле се обратил кон директорот на Европската централна банка Марио Драги со прашањето: “Да не мислите дека сум будала”. Тука сепак на Драги не му останувало ништо друго освен да каже кратко: “Не”.

Дел од овие реплики се предадени од италијанскиот премиер на локалните медиуми.

Матео Рензо признава дека Алексис Ципрас прв го прегазил референдумот, но нагласува: „Ситуацијата е комплицирана. Европа е неопходна, бидејќи постојат многу боишта – украинската криза, исламскиот тероризам, нуклеарната програма и преговорите со Иран, Либија … Медитеранот шуми, во Украина се пука, а ние тука преговараме колку канали ќе има грчката државна телевизија! “

Слични содржини