Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денеска дека е потребна нова визија за Европа, која, според неговата оценка, се наоѓа во длабока политичка криза.ципрас

Таа криза е предизвикана од строгите мерки за штедење и неселективниот пристап кон мигранцискиот проблем, истакна Ципрас во соопштението кое го објави после состанокот на Европскиот совет, на кој главна тема беше Брегзитот.

– Се наоѓаме пред два пата – или да тргнеме натаму како ништо да не се случило или да донесеме одлука да создадеме нова, подобра и подемократска Европа, порача Ципрас, пренесува АНА.

Грчкиот премиер наведе дека се наоѓаат на клучна пресвртница за ЕУ и оти е потребно да се зајакнат европските институции.

Слични содржини