Европските анти-естаблишмент партии од сите политички бои застануваат зад грчкиот премиер Алексис Ципрас во престрелките со доверителите, кои се закануваат да ја исфрлат Грција од еврозоната и да ја поткопа единствената валута.

SPORT

Партии кои немаат практично ништо заедничко, освен отфрлањето на наметнување од ЕУ политика на штедење, се надеваат дека јавната симпатија кон Грција и кон нејзиниот радикален лев лидер ќе се трансформира во одлив од традиционалните партии и поттик за поддршката за нив.

Битката на Ципрас обедини толку различни партии како левата “Подемос” во Шпанија, антиимигрантските Северна лига и популистичката “Движење 5 ѕвезди” во Италија, екстремно-десничарскиот Национален фронт во Франција и британската антиевропска Партија за независност на Обединетото Кралство (ЮКИП). Сите тие му аплаудираа Ципрас за отфрлањето на понудата на доверителите “пари за реформи” и свикување референдум за предлогот – потег кој ги ужаси традиционалните партии кои учествуваат во владите на другите 18 земји од еврозоната.

“Подемос” (Ние можеме), која се бори за превласт со Народната партија и Социјалистите во Шпанија и триумфираше на градоначалничките избори во мај, изјави дека Ципрас е достоен пример за подрување поради референдумот како одговор на “уценувањето” од страна на доверителите.

“Денес во Европа има две спротивни сили – штедење и демократија, Влада на народот или влада на пазарот и институциите. Ние сме со демократијата, ние сме со грчкиот народ”, посочија од партијата во изјава објавена вчера. “Подемос”, предводена од харизматичниот професор Пабло Иглесиас, барем е идеолошки блиска до (грчката) СИРИЗА, за разлика од многу партии, кои сега се обидуваат да профитираат од неа. И двете движења се од левото крило и тврдат дека го поддржуваат еврото, но сакаат промена на економските политики кои се во основата на девизниот блок.

Националниот фронт на Марин Ле Пен – една од главните опозициски сили во Франција, е на другиот крај на политичкиот спектар, но исто така ја поздрави победата на Ципрас во јануари, со надеж дека тоа ќе помогне за поткопување на еврото. Реакцијата вчера на последниот судир меѓу Грција и нејзините кредитори беше ентузијастичка.

“Се надевам дека наскоро ќе бидеме сведоци на првиот историски неуспех на Европската унија”, рече заменик-претседателот на НП Флориан Филипо, додавајќи дека “евроекзит” на Грција би покажал дека “прогресот на овој ѓаволски проект не е неизбежен” .

Во Италија, каде антиевропски чувства постојан растат во текот на седумте години на стагнација и рецесија, и двете главни опозициски партии сакаат Рим да ја напушти единствената валута. Лидерот на Северната лига Матео Салвини, кој минатата година го префрли поранешниот премиер Силвио Берлускони како доминантната фигура во италијанската десница, рече дека тешкотиите на Грција се “прво и основно неуспех на Европа”. “Со валута, која не работи, не може да се стори ништо”, рече тој и го пофали Ципрас за тоа дека “ја држи главата високо” и не се наведнува пред барањата на доверителите на Грција.

“Движењето 5 ѕвезди”, што според анкетите е втората политичка сила во Италија после Демократската партија на премиерот Матео Рензо, изјави дека Ципрас го отвора патот за поширок бунт против политиката на штедење на јужното крило на Европа. “Многу наскоро Јужна Европа конечно ќе ги раскине синџирите на еврото и штедењето”, напишаа пратениците од “Движење 5 ѕвезди” на блогот на партискиот лидер Бепе скара.

Според “Форца Италија” на Берлускони ЕУ се обидува по недемократски пат да го тргне Ципрас од власт, а исто така според партијата бил симнат Берлускони во Италија во екот на должничката криза во еврозоната во 2011 година

Премногу е рано да се каже дали овие премногу различни движења можат да ја добијат поддршка благодарение на грчката криза. Многу ќе зависи од тоа дали Грција, всушност, ќе ја напушти единствената валута и како ќе се справи сама, ако го направи.

Нешто повеќе, јавното мислење за Атина е поделено и силно варира во земјите од еврозоната.

Португалија, која ја заврши својата спасувачка програма во вредност 78 милијарди евра минатата година, се придржува кон тврда линија во однос на Грција и таму нема значителни анти-естаблишментски движења. Единствената анти-евро партија се комунистите, со помалку од 10 проценти од гласовите. Во Ирска – рекламното лице на политиката на штедење кој се врати на силен раст после излегувањето од спасувачката програма на вредност 64 милијарди евра во 2013 година, левичарската опозиција жестоко ја критикуваше цврстата линија на владата спрема Грција, додека јавното мислење изгледа раздвоено.

Уште непријателски расположени спрема Грција се балтичките земји, кои имаат далеку пониски средни плати и пензии и негодуваат од она што според нив е финансиска неодговорност на Атина. Во овие земји нема значајни анти-естаблишментски движења и дури првично антиевропски партии, како проруската “Согласност” – најголемата во летонскиот Парламент, не сочувствува со Грција.

“Грците изневеруваа пред и откако влегоа во еврозоната и мамат и сега”, изјави за Ројтерс вчера лидерот на парламентарната група на “Согласност” Јанис Урбановичс. “Прашањето не е дали Грција ќе ја напушти еврозоната, туку дали ќе остане и ќе ја крене еврозоната.”

Слични содржини