Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговарал со шефот на Европската централна банка Марио Драги и на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард, јави дописникот на МИА од Атина.

cipar

Со Драги, Ципрас разговарал за ликвидноста на банките и истакнал дека има итна потреба да се укине контролата на капиталот и да се обезбеди итна помош за ликвидност (ЕЛА).

Грчкиот премиер со Лагард дискутирал за преговорите и потребата да се најде прифатливо решение кое ќе се занимава со вистинските проблеми на грчката економија, соопштија владини извори.

Слични содржини