Лидерот на радикалната левица СИРИЗА, Алексис Ципрас, кој победи на предвремените парламентарни избори во неделата, се очекува утре да ја објави новата грчка влада соопштија грчките медиуми. Тој веќе го доби мандатот.

ципрас сирис

Ципрас веќе најави дека повторно ќе владее во коалиција со партијата “Независни Грци”. Во тек се разговори за соработка и со други левичарски партии, како социјалистичката ПАСОК.

Конзервативната “Нова Демократија”, која остана втора по гласови, и Комунистичката партија одбиваат учество во владината коалиција.

Според РИА Новости, Никос Котзиас повторно ќе биде министер за надворешни работи, Панос Каменос – воен министер, финансии ќе бидат доверени на Евклид Сакалотос кој ги водеше преговорите за решавање на должничкото проблем на завршната фаза.

На средбата на Ципрас и Котзиас, е разгледан претстојниот настап на Ципрас во Генералното собрание на ОН и на Самитот на ЕУ.

Јоргос Хулиаракис, кој беше службен министер за финансии, а предтоа ја  раководеше групата на економски советници, ќе го предводи новото министерство – за реализација на меморандумот со кредиторите, тврди руската агенција.

“Има проблем со кандидатурата за претседател на парламентот. Поранешниот вицепремиер Јанис Драгасакис го  одбил предлогот. Се зборува кандидатури  и на поранешните министри Никос Вуцис и Тодорис Дрицас”, соопштил извор на агенцијата.Се очекуваат промени во неколку “секундарни” министерства.

Ципрас даде сигнал дека ќе состави влада, која ќе ги  спроведе договорените со меѓународните кредитори мерки и реформи.Тоа е и причината за олеснување, со што ќе се прифатат резултатите од изборите меѓу партнерите од Унијата. Тие гледаат во изборните резултати знак дека Атина ќе продолжи да се придржува кон обврските за реформи.

Од СИРИЗА соопштија дека се предвидува формирање на постојан Национален совет за европски прашања и надворешна политика, кој ќе биде со претставниците на сите парламентарни партии.

Слични содржини