Со задоцнување од час и половина, започна обраќањето на премиерот на Грција Алексис Ципрас до нацијата. Тој започна со констатацијата дека земјата се наоѓа во услови на финансиска блокада откако банките беа принудени да затвораaт поради недостаток на ликвидни средства.

cipras
Премиерот повторно ги повика Грците да гласаат со “не” на претстојниот референдум за прифаќање на условите на доверителите. Според него, само така ќе може да се случи фер дијалог меѓу земјата и кредиторите.

Алексис Ципрас беше категоричен дека исфрлувањето на Грција од еврозоната е блеф, кој се користи за да се притиска владата и да се соочи тоа со луѓето.

Слични содржини