Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го прекори европратеници кои му се налутија дека пишува на телефон за време на дебатите во парламентот. Јункер рече дека му пишува на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

zx450y250_2568197

Размената на пораки меѓу двајцата лидери се случи неколку часа пред вонредна средба на врвот на еврозоната по референдумот во неделата, на кој Грците ги отфрлија предлозите за реформи на доверителите.

“Доста зборувате дека гледам во телефонот цело време. Пишувам , со грчкиот премиер”, рече на француски видливо лут Јункер во евопрарламента во Стразбур. “Не знам дали ќе имам можност да го сторам истото, но морам да го правам денес. Рработете, па престанете со овие неосновани досаѓања”.

Неколку европратеници, вклучувајќи и од Партијата за независност на Велика Британија,го критикува однесувањето на Јункер во текот на грчката криза. Со месеци претседателот на ЕК комуницираат директно со Ципрас, но по серијата состаноци кои не доведоа до договор, Јункер рече дека се “чувствува предаден”.

Слични содржини