Кристијано Роналдо е нормално момче, кој секогаш го дава најдоброто од себе. Никогаш не сум го видел да стои пред огледало пред натпревар.

Тоа го изјави неговиот поранешен тренер во “Реал” (Мадрид) Карло Анчелоти, кој во новата сезона ќе го води “Баерн” (Минхен).

ronald

“Кога работиш со Роналдо, го гледаш неговото вистинско лице. Целиот свет зборува за неговиот имиџ и изглед, или за тоа како ги слави головите и реагира на негативни ситуации. Но, најважно за него е да победува”, додаде италијанскиот стручњак.

Роналдо имаше тежок почеток на Евро 2016, откако во првите два натпревари пропушти многу шанси, вклучувајќи и пенал, а Португалија така и не забележа победа во групната фаза.

Ѕвездата на “Реал” сепак се разигра во последниот дуел против Унгарија и забележа два гола и асистенција при 3: 3, што ја рангира Шпанија за осминафиналето.

Вечерва од 21.00 часот португалските фудбалери ќе се соочат против Хрватска во една од најпознатите интригантни судири од првиот круг на директните елиминации.

Слични содржини