Млада Русинка која живее во Лондон, неодамна ме праша како да го задржи односот со своите родители, кои живеат во Москва. Вршејќи врз нејзе интензивен притисок да заземе страна – да се направи избор меѓу татковината и нејзините непријатели на запад. “Војната е неизбежна”, и рекле тие. “И ќе дојде наскоро, па мора да избереш”. Нејзината приказна е типична: руските социјални мрежи се полни со алармантни раскази за разделени семејства, расипани пријателства, заплашување и дури физичка судири, пишува Андреј Осталски за “Фајненшл тајмс”.

655-402-kremyl-moskva

Непријателството е очигледна поради настаните во Украина и улогата на Русија во нив, но тоа често е претставено како криза на идентитетот. Каде припаѓа Русија? Каде е таа во однос на САД и ЕУ? Оди ли до фатален судир со нив?

Алексеј Венедиктов, уредник во радиото “Ехото на Москва”, истакна неодамна во својот блог: “Ова не е војна против Украина, туку војна за контрола на Украина. Но против кого се води таа? “.

Повеќето Руси го поддржуваат претседателот Владимир Путин и неговата политика во Украина. Повеќето ја споделат неговата антизападна гледна точка.Активностите на Путин му обезбедија неверојатна пропагандна победа.

Од она што го видов на телевизија, многу млади луѓе се убедени дека Западот е слаб,во опаѓање е и се е поверојатно да капитулира, отколку да влезе во директна конфронтација. Постарата генерација гледа претпазливо.

Една масовно продавана маица сепак најдобро го доловува јавното расположение. Натписот на нејзе гласи: “не Нги вознемирувајте Искандер-ите” – и е придружена со слика на стратешките нуклеарни проектили. Тоа, според многумина Руси, е соодветен одговор на западните санкции: Почитувајте ни или ќе Ве удриме со нуклеарно оружје.

Некои од аналитичарите во Русија тврдат дека нуклеарната војна може да биде добиена. “Русија може да ги направи САД во радиоактивен прав”, рече минатата година Дмитриј Киселов на телевизија во ударните вести. Киселов ниту е маргинален ексцентрик ниту обичен политички коментатор. Тој ужива блиски врски со Кремљ и во реалноста е главниот пропагандист на Русија.

Само пред една година Путин изгледаше како да губи влијанието врз народната љубов.

Сега сепак си го повраќа, во голема мера благодарение на телевизиски програми, презентирајќи ја Русија како загрозена држава, а Путин – како единствен лидер, способен да се спротивстави на непријателите. Со поддршка за претседателот доаѓа и поддршката за војната во Украина, и за судир со Западот.

Мнозинството Руси, кои немаат време или енергија да се занимаваат сериозно со надворешно-политички дебати, долго време беа “темната материја” на руската политика – тивки, невидливи и сепак емитуваат колосална гравитациона сила. Петнаесет години непрестајна телевизиска пропаганда преуредија соѕвездието на јавното мислење.

Путин сака да вели дека политичарите треба да го слушаат она што го мислат обичните луѓе. Но Кремљ кажува на луѓето што да мислат, а потоа со нив ги оправдува своите постапки, повикувајќи се на нивното мислење.

Мал дел од Русите е против војната и го обвинува Путин дека ја изолира Русија.

Властите имаат стандарден начин да се расправаат со нив, како што истакна почитуваниот поранешен советски дисидент Лев Пономаров. Судовите никогаш не ги доведуваат во прашање обвинителните проценки за однесувањето на обвинетиот. Во моментов пресудите не се многу сурови – вообичаено се наметнуваат казни или краток престој во затвор. Но не е тешко да се замисли како тоа може да мутира во спротивна форма на репресија.

Всушност, кога ги слушате хистерично гласовите на Путиновата пропагандна кампања – со приказните за национални предавници и “петта колона”, е тешко да не чувствуваме страв.

Слични содржини