T4EP56EC6Knwsimg

Мис на Црна Гора Наташа Милосављевиќ јавно на својот профил на Фејсбук проговори за тоа што одамна се шпекулира – за елитната проституција во која се вплеткани бројни манкенеки. Со своите обожаватели Наташа ги сподели содржините на пораките во кои ѝ се нуди сомнителен ангажман, а дека истиот го доживеала веднаш потврдила и Мис на Хрватска Маја Спахија.

 

b516cc2a221373ed3cbc41db03963dd9Наташа открила за српски „Блиц“ дека од извесна девојка која се претставила како моден скаут од Србија добила понуда за дружење со клиент од Азија.

Во пораките една „дама“ ѝ нуди на Наташа, а очигледно и на Маја, викенд во Сингапур со „клиент кој живее во Азија“, а кој е подготвен да и даде пари, да плати авионски билет во бизнис класа, хотел од пет ѕвезди, ресторани, излегувања, забави… Во пораките се напоменува и дека „цената не е проблем, само што треба да каже колку бара“, а тврди и дека некои мисици „веќе биле кај него и биле задоволни“.missiceprostit

– Се надевам дека и оваа „дама“ и сите останати „дами“ и „госпоѓи“ ќе ја сфатат јавната, многу јасна порака и мојот став. Очигледно поинаку не е можно. Нема да ги откријам името и бројот овојпат, но не значи дека нема ако тоа продолжи. Вчера во текот на денот добив порака дека има една многу добра понуда за работа ако сум заинтересирана. Очекувам да биде во врска со мојата професија со која се занимавам, а тоа е икслучиво и само моделството. Пораката која ми пристигна, малку е да речам дека ме ужаснува – ја започнала својата исповед Наташа.

Слични содржини