Фирмите на семејството Заеви се под постојана контрола на власта. Јасен и чист е начинот на коишто тие работат и тоа е кристално јасно и за институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Јавно и транспарентно е и финансирањето на СДСМ, коешто е под анализа исто така на институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението реакција на обвинувањата за црни пари во СДСМ од фирмите на Заеви.

куфер пари

.ВМРО-ДПМНЕ, наместо да прави филмови преку медиумите под контрола, е должна да и ја објасни реалноста на јавноста:

-Од каде најде ВМРО-ДПМНЕ, според достапните пресметки, меѓу 15 и 30 милиони евра за новото партиско седиште?

-Од каде се парите за милионските партиски имоти низ Македонија?

-Кога мислат да ја затворат дупката од 3.500.000 евра што ја покажа финансискиот извештај за 2011 година, или ако ја затвориле, кога и од кои пари.

Постојат сериозни индиции за црни пари во финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа време кога тоа ќе биде предмет на работа на институциите што сега ги контролираат, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини