Речиси десет илјади луѓе присуствуваа на втората вечер на Д Фестивал, која беше распродадена околу полноќ.

 

11739545_10153484741004932_1236821896_n

Сабота, 18.07.2015 ќе остане запомнет како ден кога во Дојран се случи нешто, кое не само што не е видено во малиот град, туку е реткост во македонската фестивалска историја. Паркингот Гранит беше преполн, расположението на највисоко можно ниво, а забавата по највисоките стандарди.

unnamed (16)

Оние што беа дел од оваа историска ноќ имаа прилика да уживаат во врвна програма. Кирил Џајковски и ТК Вондер, Фолтин, ПМГ Колектив, Љубојна Брас Фантази и Фулиш Грин, понудија експлозивна забава за повеќе вкусови.

11774356_10153484740994932_1340658735_n

Вечерта за која ќе се зборува почна питомо и со квалитетните звуци на Фулиш Грин, на што одлично се надоврзаа ЗАА, а Љубојна Брас Фантази ја искористија приликата да ја развијат ноќта во ним својствен стил. А потоа, нешто сосема поинакво – ПМГ Колектив, со оригинален скопски денс поп звук, како совршена подготовка за најдоброто од Битола – Фолтин.

11721439_10153484741224932_1054865296_n

Тогаш на сцената се појавија Кирил Џајковски и ТК Вондер, настап што го одзеде здивот на илјадниците привилегирани посетители, кои потонаа во еуфоријата на звукот на Џајковски, засилен од едната и единствена – ТК Вондер.

unnamed (17)

Неверојатната посетеност и возбудата од вчера, даваат јасна визија за она што не’ очекува денеска

 

Имајќи предвид дека утрешниот финиш на Д Фестивал ќе привлече најмногу публика, решивме да ги прошириме капацитетите на паркингот Гранит.

Оградите кои се наоѓаат на влезот на Д Фестивал ќе бидат поместени на сметка на паркинг просторот, со единствена цел, на посетителите да им се овозможи најпријатното искуство во последниве години во Македонија. Поместувањето ќе овозможи дополнителен простор за најмалку 500 посетители.

11774772_10153484741159932_1753550330_n

Имајте предвид дека вратите на Д Фестивал се отвораат во 19 часот. За максимално да уживаме во денечниот  спектакл, на нашите гости им препорачуваме да ја искористат можноста и на време да ја фатат својата позиција за најдобриот концерт во Македонија.

Покрај приликата да се види Ману Чао под отворено небо во Дојран, денешниот ден нуди многу дополнителни активности. Пред се’, тука е втората фестивалска сцена – Mosquito Stage, со следнава програма:

11:00 – 12:00 Будење со зумба

13:00 – 13:30 Александар Пешевски

15:10 – 16:00 Џун

16:30 – 17:30 Брука Бенд

Пред настапот на Ману Чао Ла Вентура, главната сцена има одлична програма со следниов распоред:

20:00 – 20:30 Бла Бла Бла…

20:40 – 21:30 Баилдса (Грција)

22:00 – 24:00 Ману Чао Ла Вентура

00:15 – 01:00 Драм Енд Брас Трио

Билетите за последната вечер на Д Фестивал чинат 450 денари.

Слични содржини