Клучен фактор за изрекување санкции е проценката за ургентноста на ситуацијата. Во нашиот случај таа сé уште не е ескалирана, така што има простор за маневрирање. Но, заканата е реална, вели професорот Дескоски за ДВ.

0,,19227521_303,00

ДВ: Професоре Дескоски, какво е вашето мислење за значењето на најавата за можни санкции од ЕУ кон Република Македонија?

– Санкциите се есенцијална алатка на меѓународната политика на државите и меѓународните организации, со која тие ги штитат сопствените интереси или почитувањето на меѓународните обврски. Нејзината суштина е преку преземање казнени мерки да се настојува санкционираниот субјект (по правило одредена држава, но понекогаш тоа може да биде и приватен субјект), да го промени своето поведение, кое е оценето како спротивно на правилата на меѓународното право, опасно по мирот или ако со него се повредуваат интересите на државата или меѓународната организација која ги презема санкциите.

Ванхауте: Во Македонија го имате она што се случи во 1930-тите во Германија

 

Овие казнени мерки се сметаат како „половина пат“ помеѓу дипломатијата и војната. Во себе вклучуваат елементи на принуда, што ги прави поефикасни од дипломатијата, а од друга страна, тие се и се далеку побезболни, со помала цена на чинење и со многу помали ризици отколку воената интервенција. Затоа, во изминативе неколку децении, санкциите, пред сé економските санкции, станаа основниот начин на кој западниот свет реагира на најразличните геополитички предизвици. На пример, најактуелни во јавноста се примерите со санкциите воведени кон Иран (заради нуклеарната програма) и кон Русија (заради нејзината инволвираност во Украинската криза).

Во поглед на навестените санкции на ЕУ кон Република Македонија, крајно е разочарувачки за сите нас како граѓани, што нашата држава дошла до тоа дереџе, нејзиниот клучен надворешно-политички, економски и безбедносен партнер, наместо за мерки за унапредување на соработката, да размислува за воведување на санкции, односно за казнени мерки. Тоа е индикатор дека ЕУ признава оти дипломатската активност не вродила плод, па мора да посегне кон многу построга алатка на принуда, за да ја натера македонската владејачка гарнитура да го коригира своето поведение. Притоа, поведението кое е оценето како неприфатливо, се очигледно двете дејствија со кои се „торпедираше“ Договорот од Пржино. Првото, преземено од владејачкото мнозинство во Парламентот, кое еднострано донесе одлука за распуштање на Парламентот (згора на тоа и на спорен начин, со „одложено“ дејство) и второто, преземено од страна на претседателот, кој преку масовната аболиција на лицата осомничени за корупција, буквално го разори Специјалното јавно обвинителство и го направи неговото постоење беспредметно.

Повеќе ТУКА

Слични содржини