Д-р Жан Митрев: Поради административни пречки немаме дозвола за трансплантација

од desk2

Седумнаесет години од првата извршена операција на отворено срце во Република Македонија и 20 години од извршена трансплантација на срце на Универзитетската клиника во Франкфурт одбележува д-р Жан Митрев, директор на Специјалната болница по хирушки болести.

Посочи дека постојано до здравствените институции поднесуваат барања за добивање дозвола за извршување трансплантација на органи и ткива во болницата, но се соочуваат со административни пречки.

Доктор Митрев, кој направил над 15.000 операции на срце, рече дека во болницата на тројца пациенти им извршиле реконструкција на срце. Појасни дека станува збор за процедура во која срцето се вади од градниот кош на пациентот, се реконструира и се враќа во градниот кош./MIA

Слични содржини