Да не дозволиме редефинирање на државата, порача Груевски од Струга

од Vladimir Zorba

Не може да се препушти државата да се третира како експеримент и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на централниот митинг на партијата синоќа во Струга.

– Tоа е крајната цел. Tоа беше и целта на кризата и секој што не веруваше или барем малку се сомневаше, сега знае, сега му е јасно и кристално чисто го гледа сценариото кое се надвиснува над нашата држава. Важно е сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста што СДСМ и Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел, а таа е комплетно редефинирање на државата – рече Груевски.

Претходно на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен, Груевски рече дека до крајот на 2020 година ќе ја намалат стапката на невработеност на 17-18 отсто со отворање нови 70.000 работни места во Македонија.

– Тоа е нашето ветување за наредните четири години. Докажавме дека знаеме и можеме да го правиме тоа. Ќе ги зголемиме платите во јавниот сектор за 10,25 отсто и пензиите за 10,25 отсто. Социјалната помош на оние на кои најмногу им треба, ќе ја зголемиме за 50 отсто, минималната плата до 2020 година постепно ќе се зголемува и ќе достигне 14.000 денари, а во текстилната и во кожарската индустрија постепено ќе се зголемува до 13.500 денари – рече Груевски.

Антонио Милошоски, носител на коалициската кандидатска листа во петтата изборна единица, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија градат за секого и помагаат секому.

Слични содржини