Компликациите во меѓународна средина и лошата состојба на бугарската армија очигледно се на пат да оствари најскриената соништа на бугарските воени сили – тотална модернизација и замена на старото советско оружје. Парламентарните комисии за одбрана и за буџет и финансии на Бугарија дадоа вчера зелено светло на проектите за купување на нови борбени авиони и бродови за армијата. Засега тие се пресметуваат на вкупно 1,25 милијарди евра.

A Bulgarian soldier, armed with an AKS-47 rifle, stands by for the signal to enter during room clearing training at the Military Operations in Urban Terrain (MOUT) training facility during Situational Training Exercise Two (STX-2).  STX Two trains troops on the use of defensive techniques in urban environments.

 

Пратениците не само што ги одобрија проектите, но и ветија дека ќе поддржат уште една сериозна инвестиција во одбрана – купување на нови оклопни возила. Министерот за одбрана Николај Ненчев најави дека проектот треба да биде доставен откако министерот за финансии Владислав Горанов побарал да се преиспита начинот на исплата на машините.

Дебатите во комисијата за одбрана во однос на авијацијата беа дали треба да се купат нови западни, или Бугарија треба да се потпира на старите руски. Против ваквата одлука беа независниот Велизар Енчев и левиот Атанас Зафиров. Тие дури се беа подготвени со документи од руската компанија РСК “МИГ”, со која докажуваа дека поправките и модернизацијата на авионите требало да излезат поевтино од нови. Сметката на МО сепак покажува други вредности.

Најнова верзија: Египетскиот “Ербас” урнат со лаптоп-бомба

Целосната модернизација според НАТО стандарди, во кои се сомнева дури и војската, како и поправка на МиГ-29 ќе чинат до 2030 година 850 милиони ерва. Во исто време купување на 8 нови авиони, опрема, оружје и обуката ќе чинат 850 милиони евра Излезе дека во моментов руските авиони немаат и погодно вооружување, бидејќи рокот им е одамна истечен.

T-72a_main_battle_tank_Bulgarian_army_Bulgaria_004

По одлуката на комисијата проектите треба да бидат изгласани и во пленарната сала. Потоа од МО на Бугарија ќе испратат покани до компании кои ќе дадат понуди. До овој момент е јасно дека меѓу поканетите ќе се шведските “Грипен” (нови), португалските – Ф-16 (користени) и италијанските “Јурофајтер” (користени). Се очекува да бидат испратени повеќе покани. Се почесто сепак прелиминарните испитувања покажуваат дека земјите веќе не сакаат да ги продаваат старите авиони. Ова најверојатно се должи на компликации во меѓународната средина.
Дебатите околу проектот за нови воени бродови пак укажуваат на трагичната состојба на борбената морнарица. Излегува дека по 3-4 години морнарица нема да имаат погодни бродови за пловење. Тогаш ќе бидат пензионирани старите руски бродови. Дел од пратениците го ставија под сомнение проектот поради гласините дека се прават за одредена фирма. Красимир Каракачанов од Патриотскиот фронт дури побара да се напише името во запечатен плик, кој ќе се отвори, откако ќе биде избран победникот. Забелешките беа игнорирани од раководството на МО.

Слични содржини