Да се врати Љупчо Георгиевски како привремен лидер на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

На тема „Внатрепартиска демократија или театар?“ синоќа во Клик Плус на ТВ 21 дебатираа Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, Никола Тасев од ВМРО-НП и Илија Илиовски, од Реформаторите. Сите заедно се менување на целото раководство и органите па потоа избор, и не само избор за лидер туку и реформи на целата партија и органите. 

Да се врати Љупчо Георгиевски како привремен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, предлага Тасев од ВМРО-НП.  Тој тврди дека  како докажан демократ, Георгиевски треба да се врати за 12 или 16 месеци.  Според него, една од најголемите грешки на ВМРО-ДПМНЕ е упадот во Собранието.

„Груевски и тие околу него нека си направаат нова партија“- вели Илиовски.  Додава дека партијата можат да ја остават на членството.

Кекеновски пак не отстапува  дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка и дека не можат да соберат  ниту 2000 луѓе. Тоа се гледа од протестите и затоа треба сите да заминат во пакет а не само Груевски.

Слични содржини