Да седиме по цел ден е смртно опасно

од desk3

Не е опасно за здравјето да седите по цел, но само ако станувате и раздвижување на секои 30 минути. Возрасните се во седечка положба од 9 до 10 часа од времето во кое се будни, а тоа може да доведе до кардиоваскуларни проблеми, па дури и смрт. Експертите велат дека особено важно е колку долго е периодот на седење помеѓу моментите во кои се раздвижувате . Ова важи особено за луѓето, чиј начин на живот е поврзан главно со седење, пишува “Дејли Меил”.

Научниците го истражувале времето во кое луѓето седат во текот на денот и го споредиле со нивоата на смртност. Резултатите покажале дека оние кои станувале и се раздвижувале на секој половина час е помалку веројатно да се изложени на ризик од смрт отколку оние кои останувале седнати за подолго време.

Затоа експертите препорачуваат на луѓето кои имаат работа која бара претежно седење, да се раздвижуваатна секој половина час, што ќе им помогне да останат активни и да имаат здраво срце

Слични содржини