„Да живее живата уметност“ е мотото на 57-то Венецијанско биенале

од Vladimir Zorba

57-то издание на Венецијанското  биенале за современа уметност ќе се одржи од 13 мај до 26 ноември, пренесе Artprice.5086631

Претседател на престижниот форум е Паоло Бари, а куратор на 57-та Меѓународна уметничка изложба е Кристин Масел. Основниот кураторски проект на биеналето, предложен од Кристин Масел, ќе се вика Viva Arte Viva ( “Да живее живата уметност”).

“Во нашиот свет исполнет со конфликти и судири во кој хуманизмот се наоѓа во сериозна опасност, уметноста е највредниот дел од постоењето на човекот. Сега, повеќе од кога било, гласот на уметникот игра клучна улога во рамките на современите дискусии “, вели Масел.

Во 2017 година изложбите ќе бидат распоредени традиционално во Central Pavilion, Giardini, но и на специјални места т.н. Trans-pavilions. Акцентот ќе биде ставен на креативноста на уметници од Јужна Америка, Азија и Блискиот Исток, а значително внимание ќе биде свртено и на источноевропската  и руската уметност.

Специјалниот формат на биеналето, наречен “Отпакување мојата библиотека” (Unpacking My Library) и инспириран од истоимениот есеј на германскиот филозоф, арткритичар и писател Валтер Бенјамин (Walter Benjamin; 1892-1940) од 1931 година, а ќе биде посветен на омилените книги на уметниците кои се вклучени во основниот проект “Да живее живата уметност”.

Слични содржини