Дачиќ: Не постои сомнеж дека Младиќ требаше да биде осуден

од desk2

Нема никакви сомнежи дека Ратко Младиќ требаше да биде осуден за масакрот во Сребреница, но што се случува со илјадниците Срби кои беа убиени во текот на војната, праша министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, додавајќи дека хашкиот трибунал е формиран само за да ги осуди Србите.

„Не постојат никакви сомнежи дека Ратко Младиќ требаше да биде осуден за масакрот во Сребреница. Но што се случува со илјадниците Срби кои беа убиени во текот на војната. Не е можно никој во Хаг да не е осуден за тоа. Овој суд е формиран само за да им суди на Србите“, рекол Дачиќ во интервју за аргентинскиот весник „Ла национ“.

Зборувајќи за ситуацијата на Балканот, тој објаснил што значи зборот Балкан.

„Зборот Балкан потекнува од два турски зборови; ‘бал’ што значи мед и ‘кан’ што значи крв. Веќе имавме доволно крв и сега сакаме мед“, рекол тој.

Слични содржини