Дачиќ: Србија го нема оригиналниот Дејтонски договор

од Vladimir Zorba

– Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија го нема оригиналот на Дејтонскиот договор, а дека по 5 октомври 2000 година исчезнала и хартијата на која Ричард Холбрук потпишал дека Американците никогаш нема да ја признаат независноста на Косово.

– Уништен и изгубен е и оригиналниот примерок на Дејтонскиот договор, за „Српски телеграф“ откри Дачиќ, кој истражувал како исчезнале договорите што за Србија и денес се од клучна важност.

„Сите се прават луди кога ќе ги прашам, а незамисливо е Србија да го нема сочувано примерокот од Дејтонскиот договор. Сите соработници на Милошевиќ тврдат, а неговата секретарка се колне дека Милошевиќ ја повикал и и ја дал хартијата на која Холбрук, тогашниот главен преговарач меѓу Западот и Србија и американски пратеник, на Милошевиќ (во текот на преговорите во 1998 и 1999 година) му потпишал дека САД никогаш нема да ја признаат независноста на Косово“, вели Дачиќ.

Според него, оваа хартија исчезнала, бидејќи е се ограбено.

– Ја нема ниту таа хартија, тие се ограбиле. Кога го апсеа Слобо, ништо не останало, наведува Дачиќ за „Српски телеграф“.

Дачиќ е огорчен и заради тоа што, како што вели, не се знае дека Милошевиќ е заслужен за договорите од кои државата и денеска има корист.

– Дејтонскиот договор е негово дело, како и другите работи, тоа за што и денеска единствено се држиме, а тоа е Резолуцијата 1244, наведува Дачиќ.

Дека документите се уништени или исчезнати за „Српски телеграф“ потврдиле и поранешни државни функционери, но и некогашни министри на ДОС. с

Слични содржини