download

Помошникот на американскиот државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд му пренела на шефот на српската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Ивица Дачиќ дека Србија има целосна поддршка од САД во напорите за воспоставување мир во Украина, со целосно почитување и имплементирање на Договорот од Минск.

Дачиќ истакна дека за Србија и лично за него, како претседавач со ОБСЕ, приоритет останува наоѓање општоприфатливо решение, воспоставување мир и постепена нормализација на ситуацијата преку дијалог во рамки на ОБСЕ.

Американската дипломатка престојува во Србија во рамки на нејзината обиколка на земјите од Западен Балкан. /МИА

Слични содржини