Daily Mail: Саудискиот крал се повлекува од власта

од desk4

Следната недела се очекува саудискиот крал Салман да се повлече од власта, пренесува Дејли мејл, повикувајќи се на близок извор до семејството. Мохамед бин Салман, синот на кралот, ќе го заземе неговото место.

Кралот Салман ќе биде како англиската кралица, само церемонијална фигура, и ќе ја задржи титулата заштитник на Светите храмови , тврди изворот.

Се смета дека новиот крал Мохамед бин Салман ќе го насочи своето внимание кон Иран, кој е главен противник на Саудиска Арабија.

Не се исклучени ниту воените активности. Инаку, пред 10 дена, во земјата беа извршени масовни апсења.

Врз основа на указ на кралот Салман Ибн Абдул Азиз беа приведени 60 лица, вклучувајќи и неколку големите бизнисмени. Властите во Саудиска Арабија имаат намера да конфискуваат од обвинетите за корупција, членови на кралското семејство, средства во вредност од над 800 милијарди долари.

Слични содржини