Дакота Џонсон, која ја исполни главната улога во еротската драма “50 нијанси на сива”, вели дека во продолжението на филмот ликовите ќе бидат уште поголи. Тоа актерката го признала во телевизиската емисија Watch What Happens Live, пренесе The Hollywood Life.d3ca9bebae64952e5a669c1d14818c20

Водителот на емисијата ја прашал: “Дакота, вие сметате ли дека е фер фактот дека вашето тело во” 50 нијанси на сива” беше доста повеќе покажано од тоа на партнерот Џејми Дорн?”.

Џонсон одговорил: “Сигурно ќе си повлечам куп проблеми од она што сега ќе го кажам, но ќе го принудам да се соблече целосно”

“50 нијанси потемна” треба да излезе во февруари 2017 година. Учество во филмот потврди и Ким Бесинџер.

Првиот филм покажа добри резултати за жанрот, но доби доста негативни критики од страна на критиката. Номиниран беше за “Златна малинка” во шест категории, вклучувајќи и за “најлош филм”, “најлоша актерка” и “најлош актер”.

Драмата излезе во февруари 2015 година. Таа е екранизација на романот на Е. Л. Џејмс. Заплетот раскажува за студентката Анастејжа Стил, која се запознава со младиот милијардер Кристијан Греј, кој се вовлекол во нестандарден секс. Во 2018 година ќе излезе и “50 нијанси ослободено”.

Слични содржини