Дали Анџелина и Бред Пит се заедно? Актерката е понеодолива од кога било

од desk3

Гласините дека Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се заедно се покажаа неточни. Разделбата на славното семејство е факт, станува јасно и од појавата на убавата актерка на филмскиот фестивал во Торонто. Анџелина на црвениот тепих беше придружувана од децата Захара, Шајло, близнаците Вивиен и Нокс кои гордо позираа до убавата мајка. Анџелина Џоли го претстави својот нов филм “The Breadwinner”. Актерката продуцира приказна за авганистанска девојка и предизвиците со кои таа се соочува. Холивудската убавица ги остави зад себе емоциите околу разводот и најде сили да се насмевне широко, да се снима со фанови и да дели автограми. Енџи повторно го покажа гламурозниот стил – избрала стилска, елегантна и удобна тоалета во нијанса на бисер. Модните критичари го пофалија нејзиниот избор. Секое од нејзините деца се истакна со свој стил – некои од нив избраа  спортска, а други  елегантна облека.

Слични содржини