За Петок 16. се најавува промоција на нов Фронт за Македонија. Како што неофицијално се дознава  на чело со бизнисменот Трифун Костовски . Него синоќа го убедиле дека движење како што најавуваше  не било баш секси за употреба па свртеле на ФРОНТ.

Branko

Околу него, тврдат , ќе бидат  доста луѓе од  доверба од луѓето на Бранко Црвенковски , негови екс пратеници и сега потрошени и трганти функционери од СДСМ и секако  Јове Кекеновски кој патем преговара на неколку фронта и патишта. Се прават обиди и преговори и Демократскиот Сојуз  и Павле Трајанов да го убедат да го придобијат во тој пакет,  иако тој веќе двапати ги одбил  со пораки дека имаат убави прикаски за Македонија, ама ниту имаат луѓе  ниту членство зад себе, и  тешко издржуваат притисок и борба до крај .

Синоќа се шпекулира во партиските кулоари дека во „Алуминка “ имало вечерна  средба на која бил наводно и Бранко Црвековски кого го сметаат за ментор на фронтмените на новиот  Фронт за Македонија, кој ќе се промовира наредниот петок во скопксиот хотел Александар Палас.

Истите извори тврдат дека луѓето на БЦ  ја возат оваа прикаска за некаков нов ФРОНТ надвор од опозиционата СДСМ , наспроти Заев, а од друга страна  БЦ си тера една друга скриена од јавност прикаска со која бара неколку пратенички места на листата на СДСМ, за наредните избори , колку за мир у куќа нели.

Од СДСМ  велат дека ги слушнале овие тврдења но не можат да  ги потврдат.

Слични содржини