Дали е неопходна декласификацијата на тајните докази во оваа фаза?

од Vladimir Zorba

По јавното конфронтирање на Основниот суд Скопје 1 и Специјалното јавно обвинителство околу декласификација на доказите во предметите кои завршија со обвинителни акти пред судот, се отвори дилемата зошто судот повикува на декласификација, а зошто СЈО тоа го смета за штетен процес? – анализира Фокус.

sud-620x377

Се започна кога судијката Лидија Петровска го врати досието за седумтемина обвинети од УБК за уништување на докази затоа што проценила дека обвинителниот акт не може да влезе во судска постапка оти класифицираните докази не им е симната назнаката „тајно“ за да може судот да постапува. Од СЈО пак, експресно го испратија предметот назад во судот со објаснување дека со декласификација доказите би станале информација јавно достапна.

-Не постојат законски пречки судската служба да евидентира и прима класифицирани информации, како што постојат пак, законски обврски секој орган што работи со класифицирани информации да обезбеди административни и човечки ресурси за работа со ваков вид информации. Во конкретниот случај не е побарана декласификација на доказите затоа што тие би станале информација до која сите би имале пристап, а со оглед дека се работи за докази кои се поврзани со внатрешната организација и правилата на работење на Управата за безбедност и контраразузнавање и МВР, со актот на декласификација би можеле да настанат штетни последици,  велат во СЈО.

Од друга страна судот има поинаков став и смета дека СЈО прави процедурални грешки.

-Тоа што судот го побара од СЈО да достави акт за декласификација, е обврска и должност на СЈО како државен орган кој располагал и ја користел ваквата документација и претставува нивна одговорност кога истата ја пуштаат во правен промет за потребите на кривичната постапка, со степен на класификација која би можела да се користи во судска постапка, а од аспект на државна тајна, заштита на државата и пред се заштита на човековите права и слободи, бидејќи постапката се иницира од нивна страна, напиша судот во реакцијата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини