Дали има уште љубов: Херд во друштво на Муск

од Vladimir Zorba

Амбер Херд и Илон Маск можеби не ја завршиле својата романса. Беа забележани на маса во ресторан.

Само во едно интервју милијардерот рече дека актерката е онaa којa ставила крај на нивната врска и му го оставила срцето скршено.

Амбер се чинеше дека мирно го прифаќа одвојувањето, па дури и зборуваше дека започнала врска со каскадер. Според друга гласина, таа се вратила на својата поранешна девојка.

Сепак Херд и милијардерот очигледно решиле да се сретнат и двајцата беа фатени од фотографи како доручкуваат во Sweet Butter Kitchen. Тие се трудеа да не покажуваат емоции, но се гледаше дека двајцата се однесуваат топло еден кон друг, пишува OK Magazine.

Двојката го објави финалето на нивната љубовна романса пред неколку месеци. Нивната врска започнува за време на тежок развод на Харден со Џони Деп.

Фото: ОК списание

Слични содржини