Дали навистина не е важно-Откажани уплати на автомобилот „Тесла Модел 3!

од Vladimir Zorba

 Бизнис светoт денеска

Лос Анџелес – По претставувањето на автомобилот „Тесла Модел 3“, првиот човек на компанијата Илон Маск објави дека околу 63.000 луѓе ги откажале нарачките на новиот модел во последната година. Вкупниот број на нарачки паднал од 518.000 на 455.000, но Маск вели дека тоа е само капка во морето и дека всушност не е ни важно. Од минатата недела, кога врачиле 30 нови возила на своите работници, добиваат околу 1.800 нови порачки на ден. Испораката на „Модел 3“ на првите купувачи ќе почне на есен

 Берлин – Еврокомесарот за буџет Гинтер Етингер смета дека би било погрешно да се постави датум за прекин на продажба на автомобили со дизел и бензински мотори. – Поставувањето на датум на ниво на ЕУ за прекин на продажба на возила со мотори на фосилни горива во овој момент би било многу избрзано и погрешно, изјави Етингер за изданието на германскиот дневен весник „Рајнише Пост“.

Виена – Австриската групација „Ерсте“ во првото полугодие од 2017 година работела со нето профит од 624,7 милиони евра, што е за 26 отсто помалку од истиот лански период, покажа објавениот финансиски извештај. Нето профитот од каматите е намален за 2,3 отсто на 2,14 милијарди евра и наспроти растот на кредитната активност. Како што се наведува во банкарскиот извештај, тоа е последица главно од понискиот профит од каматите на државните обврзници.

Будимпешта – Групата МОЛ ги објави финансиските резултати за првото полугодие од 2017 година, според кои, сите деловни сегменти го зголемиле профитот, што резултирало со раст на чистата заработка од 23 отсто, во споредба со истиот период лани. МОЛ исто така постигна значаен пресврт на својот трансформациски пат кон петрохемиската дејност, дефиниран во компаниската стратегија до 2030 година, со потпишување на клучни договори за својот водечки проект „Пилиол“.

Милано – Во Италија почна бербата на грозјето, што е најран почеток во деценијата, поради топлотниот бран и сушата. Производителите на пенестото бело вино Спуманте во областа Франчијакорта во Ломбардија во северна Италија, почнаа да го берат грозјето 10 дена порано во однос на почетокот на ланската берба.

Лондон – Британската издавачка куќа „Пирсон“ најави укинување на уште 3.000 работни места, во рамки на тековниот процес за намалување на трошоците. Компанијата, исто така, ги намали и привремените дивиденди на акционерите за 72 отсто на 5 пени по акција. Најновите кратења, кои ќе бидат реализирани во периодот од 2017 до 2019 година, ќе придонесат за намалување на годишните трошоци за 300 милиони фунти (333 милиони евра), а најавен е и поголем фокус на дигиталното образование.

Токио – Нето профитот на „Тојота“ скокна за 11 отсто на 5,6 милијарди долари во вторито квартал од оваа година, а најавени се и преговори за јакнење на партнерството со „Мазда“. Приходите на Тојота, производител на „Корола” и хибридното возило „Приус”, се зголемени за седум проценти на 7.050 милијарди јени. Меѓутоа, кварталниот профит паднал за 11 отсто на 573,4 милијарди јени, делумно поради курсните флуктуации, соопшти компанијата. /MIA

Слични содржини