Почетна / Препорачани / Дали нитратите во салатата се опасни?

Дали нитратите во салатата се опасни?


Најчесто количеството на нитратите е на повисоко кај лиснатиот зеленчук. Во листата на “опасните” влегуваат зелена салата, марула, рукола и спанаќ – затоа треба да сме исклучително внимателни кога купуваме од нив за трпезата.

При последните истражувања на Агенцијата за храна од 80 примероци прекумерна содржина на нитрати откриваат само во еден примерок спанаќ, покажа истражување во Бугарија. Од проверените примероци од почетокот на годината во над 15 илјади пратки со овошје и зеленчук пестициди се откриени во 33 пратки – главно увозни лимони, портокали и пиперки.

Според експерти, сепак и при многу пониски од дозволените нивоа има штетни ефекти за нашето здравје, како анемија, стомачни проблеми, па дури и труење. Уште поголеми се ризиците кај децата, за кои дозволената содржина на нитрати е многу помалку.

“Поголемото количество се акумулира кога се обработуваат земјоделските површини со минерални ѓубрива, кога не се почитуваат најдобрите земјоделски практики – може да има акумулација на нитрати”, објасни инж. Елка Темелчева од Централна лабораторија за хемиски испитувања и контрола во БАБХ. Повеќе нитрати се трупат во зима, кога производителите користеле и повеќе хемикалии во стакленици.

Експертите советуваат дека белата кора кај зеленчукот или првите листови од салата да се остранат пред да правиме салата, бидејќи таму се акумулира најмногу нитрати. Затоа добро е салатата пред да стигне до трпезата да се измие.