Според британската секс експертка Трејси Кокс секој маж треба да владее 6 работи за да биде навистина добар љубовник.9c977650f83d1b210cc915dd58c85494

Не треба мажот да ги владее сите пози од Кама Сутра, туку некои едноставни трикови.

Еве ги и нив:

1. Тој ги знае ерогените зони на партнерот и нејзините параметри во кревет

Јасно е дека најдобриот љубовник не е егоист во кревет. Брилијантниот сексуален партнер ги почитува желбите на партнерот. Ако вашиот љубовник е добар, тој никогаш нема да ве тера да правите работи кои не ви се допаѓаат. Тоа е толку едноставно. Вештиот љубовник исто така ја запознава добро партнерката и нејзините ерогени зони.

2. Тој се информира добро за женската физиологија

Мажите кои се добри љубовници се трудат  да натрупаат прилично доста заеднички секс информации. Тие се свесни дека повеќето жени имаат потреба од  стимулација на клиторисот, и знаат како се прави орален секс. Учат  како да ги допираат со прсти интимните делови на жената. Воопшто се заинтересирани за сите основи на секс стимулацијата – со прсти, јазик, со помош на секс играчки и т. н. и се обиделе да ги совладаат основните техники во кревет.

3. Тој има искуство

За жал најсигурниот знак дека еден маж е добар љубовник, е неговото богато искуство во сексот. Не е важно колку сексуални партнерки имал тој како бројка, туку колку сексуални акти се зад неговиот грб. Со други зборови, колку повеќе, толку повеќе. Љубовник со богата и долга практика е повеќе од совршен.

4. Тој е отворен за искуство на нови работи

Рутинскиот униформен секс е возбудлив за многу мал број на луѓе. Тој личи на фитнес сесија, само без облека. Главната причина поради која многу парови не пробуваат нови работи во спалната е дека едниот партнер е загрижен дека новините нема да му се допаѓаат на другиот или дека тие ќе изгледаат нервозни или смешни во “новата поза”. Добриот љубовник реагира на новостите во спалната со желба за забава и со зборовите “Зошто да не?”.

5. Тој може да зборува за секс без срам

Добриот љубовник умее да биде специфичен, кога го насочува партнерот во кревет и кога зборува за секс. Тој е свесен дека претставите на луѓето за “брзо”, “бавно” и “полесно” се различни. Покрај тоа, тој дава фидбек после секс.

6. Тој не е самосвесен

Добриот љубовник го сака своето тело, како и тоа на својата партнерка. Тој има самодоверба кога е без облека, што е секси. Дури и да не е со совршена физика, тој нема да прикрива делови од своето тело под покривката, што изгледа смешно.

Слични содржини