Секој се прашува дали го бива во кревет. Според некои мајсторство во кревет само по себе не е фактор. Само треба да го откриеш вистинскиот партнер за тебе со кој сексот ќе е одличен.
Секогаш може да се верува на зборовите. Затоа можете да ги прочитате знаците во реакциите на вашиот партнер!f76f93464abe8208fb6ba7080dc8a870

Тој ги стиска рацете и нозете додека имате секс
Еден од најпознатите индикативни знаци на врховно уживање се конвулзии на мускулите во експлодирачката точка. Мажите не ги глумат оргазмите, како што жените го прават тоа, затоа можете да познаете по напнатоста во мускулите. Ако видливо ги грчи своите раце и нозе додека имате секс, значи навистина сте го исцедиле докрај!

Тој сака да има повторно и повторно
Ако на човек не му се допаѓа нешто, нема да сака да го повторува, нели? Или барем не во наредните неколку дена. Но, ако на вашиот партнер толку му се допаѓа сексот со вас дека сака да го направите веднаш тоа штом дишењето ви се нормализира, значи навистина му се допаѓа!

Тој станува навистина мил по оргазам
Обично мажите се свртуваат и заспиваат откако ќе завршаѕ. Но кога сексот навистина им донел неверојатна радост, а и кога партнерката е тигрица во креветот , тие стануваат мили и се умилкват како мачиња.
Наутро може да почнат да ви праќаат секси љубовнипораки, може да се јават само за да  ви го чујат гласот или пак да пофлертуват. Сексот со вас не им дава мир.0da22473d5ecf19447dd70e577d627bc

Тој е возбуден во текот на целиот ден
Без разлика дали ви го кажал тоа или сами сте почувствувале и ја виделе неговата возбуда , таа зборува за едно – му ја обземате главата со вашето сексуално претставување. Мислата му е зафатена со вас, а знаеме дека мислите на мажите лесно провоцираат возбуда. Допирите ќе ви помогнaт за тоа колку силно е заробен од вас.

Тоа ви кажува дека сте одлични

Зборовите  не се помалку важни, иако понекогаш се лажни и можат да бидат изречени намерно. Сепак ако слушате од партнерот колку добро се чувствува со вас, колку ве посакува и како нема трпение да ве види едно е сигурно – тој ве посакува повеќе од сè!

Сексот е одличен и за вас самите

За сексот се потребни двајца. Ако не само на партнерот, но и на вас ви е одлично во кревет, тоа е показател дека сте го пронашле својот идеален секс партнер. Со еден партнер човек може да не се претстави толку добро, но со друг експлозијата може да е врховна. Се е прашање на појавување на желбите и нивните манифестации.a2c314e2c952dcc8440edaea9545b947

Тој се стреми да ви покажува нови техники и пози
Понекогаш егото на мажите страда, ако жената е добра во кревет. Тие се плашат да не изгубат интерес и да ги шутнат. Затоа се стремат да покажат различни техники и секс пози секој пат за да ја импресионираат.

Во други случаи, пак, сексуалната желба е толку голема што мажите сакаат да ја доживеат секоја секс поза со оваа жена.
Радувајте се, ако ги забележувате овие знаци кај својот партнер. Значи сте вистинска ѕвезда во кревет!
Слики: iStock

Слични содржини