Дали Украина и ја достави ракетна технологија на Пјонгјанг?

од Vladimir Zorba

Претседателот на Украина Петро Порошенко објави дека наредил “детална и сеопфатно истрага” по повод објавувањето на информацијата на весникот “Њујорк тајмс” дека Северна Кореја веројатно е опремена со ракетни мотори, произведени во украинското претпријатие “Пивденмаш” (рус. “Јужмаш “) од Дњепропетровск, пренесоа Ројтерс и ТАСС.

“Колку и апсурдни да изгледаат обвинувањата кон Украина, ние, како одговорни партнери, сме должни внимателно да ја провериме објавената… информација за наводно снабдување на ракетни мотори или поврзани со нив технологии за Северна Кореја”, напиша на Facebook Порошенко.

Во понеделникот Киев официјално негираше дека продавал воени технологии на Пјонгјанг.

Порошенко им наложил на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина заедно со Меѓуресорската комисија за военотехничката соработка и стручни совети и раководствата на претпријатијата “Пивденмаш” да се испита ситуацијата и да дадат извештај во рок од три дена.
Според зборовите на Порошенко истрагата ќе ја покаже неверојатноста на претпоставките за “украинска трага” во вооружувањето на Северна Кореја.

На Facebook украинскиот претседател упатува кон авторите на статијата во њујоршкиот весник покана да ја посетат Украина, за да се сретнат со “нефер осомничените” украински партнери. Освен тоа и се заблагодари на редакцијата на “Њујорк тајмс” дека го привлече вниманието на светот кон потенцијалот на ракетно-вселенскиот комплекс на Украина на “елегантен, но не и безпогрешен начин”.

На 14 август “Њујорк тајмс”, повикувајќи се на експерт за ракетни технологии од Меѓународниот институт за стратешки студии Мајкл Елеман, соопшти дека истреланата во јули годинава од страна на Северна Кореја интерконтинентална балистичка ракета “Хвасон-14” можеби била со мотор, развиен врз основа на примероци од 60-тите години на советскиот ракетен мотор “РД-250”. Во публикацијата се наведува како најверојатен снабдувач на моторот е украинското државно претпријатие “Пивденмаш” кое е именувано како еден од главните снабдувачи на ракетни мотори за Русија, откако Украина стана независна држава.

Слични содржини