Српската ракометарка Сања Дамњановиќ денеска го потпиша договорот со македонскиот шампион Вардар и се обврза на двегодишна верност кон „црвено-црните“.
Дамњановиќ игра на позицијата лев бек и плејмејкер, со што значително ќе се засили конкуренцијата во тимот на тие позиции. Доаѓа од Виборг каде настапуваше од 2013 година и со данскиот тим ја освои двојната круна во тамошното првенство и триумфираше во КПК.

6246543-handball-euro-2012-women-esp-cro

Зад себе има интернационална кариера од настап во екипите на Крим, Подравка и Виборг, а беше дел и од екипите на Раднички Белград, Наиса и Заечар.

– Со ангажирањето на Дамњановиќ продолжува намерата на Вардар да се засили со играчи за кои смета дека можат да се вклопат во нашата концепција и да придонесат за остварување на клупските цели. Веруваме дека Сања ќе донесе нова свежина во играта на Вардар, и заедно ќе се радуваме на нови успеси во иднина, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Лани Дамњановиќ беше избрана и за најдобра ракометарка на Србија од страна на новинарите, прекинувајќи ја петгодишната доминација на Андреа Лекиќ. Беше една од најзаслужните за сребрениот медал на Србија на СП 2013 година и беше избрана во Ол стар тимот на тоа СП. Слично признание доби и на ЕП 2012 година, кога Србија го освои четвртото место./МИА

Слични содржини