Данфорд: Кина да го засили притисокот врз Северна Кореја

од desk2

Според американски портпарол, началникот на Американскиот здружен генералштаб на кинеските воени лидери им порачал дека САД се подготвени да употребат воени опции, доколку дипломатијата пропадне
Џо Данфорд, кој се наоѓа во посета на Кина, изјави дека е се` поитно оваа земја да го засили притисокот врз Северна Кореја.

Началникот на Американскиот здружен генералштаб и неговиот кинески колега, потпишале договор за подобрување на комуникацијата меѓу двете земји.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека Кина и САД одржуваат тесна комуникација за главните меѓународни и регионални прашања.

Во меѓувреме, генералот Данфорд истакна дека САД и Јужна Кореја ќе ги одржат годишните заеднички воени вежби закажани за идната недела, давајќи отпор на притисокот на Кина и Северна Кореја да ги прекинат.

Данфорд по Кина ќе замине за Јапонија./VOA

Слични содржини