По средбата на американскиот потпретседател Џо Бајден и македонскиот премиер Никола Груевски во Вашингтон, аналитичарот и добар познавач на состојбите на Балканот, Даниел Сервер, дава свое толкување на кусото соопштение што според него, алудира на недостиг на вообичаениот пријателски тон, но нема ни отворен непријателски тон. Според него, се работи за момент на затегнатост на односите меѓу две пријателски земји-пишува ВОА

C510C4A5-64B6-43B9-96DA-97A722F983FC_w640_r1_s_cx0_cy4_cw72

Според Сервер, читајќи меѓу редови, премиерот Груевски најверојатно побарал поддршка за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Во кусото соопштение на Белата куќа по средбата, стои дека „двајцата се согласиле за важноста од продолжувањето на спроведувањето на договорот од Пржино, и за преземање на неопходни мерки да се обезбеди одржувањето на веродостојни избори.“

Слични содржини