Дарко Лешоски се повлече од Струшките вечери на поезијата

од desk2

Дарко Лешоски се откажа од позицијата претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, откако неговото назначување на таа позиција предизвика лавина реакции во јавноста.

Одлуката Лешоски да биде претседател на УО на Струшките вечери на поезијата предизвика поделба низ јавноста, а одлуката беше критикувана бидејќи Лешоски бил млад и недоволно искусен за организација на манифестација од калибарот на Струшките вечери на поезијата.

Одлуката тој ја соопшти во интервју за „Дојче Веле“.

– Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во Сервисот за односи со јавност на Владата. Нека биде ова почеток на една поинаква демократска практика – рече Лешоски.

Тој најави дека и покрај тоа што се повлекува од позицијата претседател на УО, сепак стоел на располагање за секаква помош за оваа манифестација.

Слични содржини