Датумот за вториот Ел Класико веќе се знае

од Vladimir Zorba

Решителното второто издание на Ел Класико во Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Барселона веќе е закажано. Дуелот ќе се игра на стадионот “Сантијаго Бернабеу” во Мадрид на 23 Април од 21,45 часот.

Средбата е дел од програмата на 33-тото коло во шпанското првенство и сигурно ќе има клучно влијание врз битката за титулата. Во моментот мадриѓаните имаат предност од 5 поени пред вториот Барселона, а првиот натпревар заврши со 1: 1 во Декември.

Еднаквоста на “Камп Ноу” стана факт откако подоцнежото изедначување на Серхио Рамос, кој ја донесе точката. Резултатот дава предност на “лос бланкос” во директните дуели, како Барса ќе треба да ја гони победата или во најлош случај нерешено 2: 2, за да се сменат работите, ако дојде до разгледувањето на директните средби.

Слични содржини