Даут Даути и Сефер Тахири – од кандидати до колатерална штета!

од desk3

Жал ми е што јас и колегата Тахири станавме колатерална штета, вели Даут Даути. Ад- хок телото е подобро решение од партиските владини тела како што се АВМУ и советот на МРТ, смета Тахири- анализа на DW.

Во меѓусебни обвинувања и жестоки навреди на социјалните мрежи меѓу колеги, медиумската зедница го (д)очекува изборот на петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување. Четворицата новинари избрани за членови во ова ад -хок тело на предлог на политички партии, вчера не постигнаа консензус кој нивен колега да биде петтиот член на Комисијата. Останаа зацементирани на иста позиција: двајца го преферираат новинарот Даут Даути, другите двајца новинарот Сефер Тахири. Со образложенијата зошто се противат за едниот или другиот, Даути и Тахири посредно заработија повеќе етикети отколку кандидатска предност. Отпорот кон Даути е поради тоа што бил член на Комисијата за лустрација, а кон Тахири затоа што говорел на партиска дебата.

МЕХМЕТИ: ТАХИРИ НИКОГАШ НЕ БИЛ ДЕЛ ОД ШАРЕНИТЕ, ДАУТИ Е БЛИЗОК СО ДУИ

„Многу ми е жал, што двајца новинари – јас и колегата Сефер Тахири – станавме колатерална штета“, вели Даут Даути.

„Дегутантно е, некој кој е избран од партија да оспорува други како такви и кога не се, да бара стручност иако тој не бил избран како стручњак, и најпосле да ми префрла за зло тоа што сум член на Комисија која е формирана со консензус а потоа стана дел од политички игри во кои јас сепак не бев дел, во кои не учествував, туку ја гледав својата работа и совесно ја извршував. Тоа што нашата јавност не беше подготвена за соочување со минатото е друго прашање. За повеќето одлуки Комисијата беше едногласна, па дури и за предмети со кои некој денес се фали дека ги добил во Стразбур. Зошто не се поставува прашањето за нивната морална чистота?“, прашува Даути.

Последица од други компромиси

Забелешки има и Сефер Тахири. Смета дека некои претходни компромиси довеле до привремени решенија, какво што е ад хок – телото.

„Следејќи ја состојбата во која се наоѓа државата, политичката криза и начинот на кој известуваат дел од медиумите, свесен дека ад хок-телото не е идеалното решение, сепак се одлучив со мојот професионален интегритет и долгото искуство во електронските медиуми (МТВ, Аласат – М, Слободна Европа и други) да се обидам да придонесам мониторингот на медиумите во текот на предизборието да биде непристрасен, односно без политички влијанија, каков што беше досега партискиот мониторинг на Агенцијата за медиуми, чиј состав е производ на договорот за законот помеѓу ЗНМ и власта, исто како што е и составот на Советот на МРТ, договор кој се случи на мистериозен начин во недела, а беше промовиран заедно со министерот Иво Ивановски. Сметам таму се корените зошто ние денеска имаме ваква ситуација во медиумите, а ад- хок телото е само привремено решение и последица на партиско-политички компромис“, констатира Тахири.

Вели дека се залага за вистински решенија во оваа сфера и дека ќе може да го даде неговиот придонес.

„Притоа, иако не сум активен член на Здрушението на новинарите на Македонија, го сметам за принцпиелен и коректен неговиот став дa не учествува во овој процес. Но, гарантирам дека ад хок-телото е подобро решение од партиските владини тела како што се Агенцијата за медиуми и советот на МРТ, на кои ЗНМ веќе неколку пати им дава лажен легитимитет, а таму служи само како декор, бидејќи јавноста не видела некоја корист од нејзиното учество во овие тела“, посочува Тахири.

Повеќе ТУКА

Слични содржини