Давитков: Не сме фрлале кон Господ со камења се надевам на негова помош

од Vladimir Zorba

По победата над Косово прва за македонската кошаркарска репрезентација во предквалификациите за Светското првенство, селекторот Јорданчо Давитков, на прес-конференцијата покрај анализата на мечот, со свои очекувања и за последниот натпреваро против Естонија.

Со оглед на огромната важност и можноста со евентуален пораз да ги загубиме сите шанси за пласман во квалификациите за Мундијалот, Давитков искрено посака помош и од Господ.

– Психички тежок меч. Среќни сме поради победата и сега одиме понатаму, на мечот во Естонија. На играчите им кажав дека ова беше средба само за нас, ние сме тие што го потрошивме цело лето и ова е награда за сиот вложен труд.Најмалку шест пати го гледав дуелот со Естонија во Скопје, кој ако победивме оценките ќе беа дури и дека сме играле добро. Ќе се обидеме и таму да ги сопреме нивните шутери. Факт е дека досега не сме имале натпревар со шут од 40-отсто за тројка и со десетина и повеќе поголеми удари од оваа позиција. На Господ не сме фрлале со камења , па се надевам на негова помош во Талин, изјави Давитков на пресот.

Во пресрет на последните два меч, првиот меѓу Естонија и Македонија во среда, а последниот во сабота меѓу Косово и Естонија, на табелата сите три селекции имаат по 4 бода, со тоа што Естонците максимални две победи, а Македонија и Косово по една победа и два порази.

Слични содржини