Давос: Моди предупредува на протекционизмот

од desk2

Индискиот премиер Нарендра Моди отоворајќи го Светскиот економски форум во Давос изјави дека е загрижувачки неодамнешниот трговски протекционизам, со кој владите поставуваат бариери на слободната трговија помеѓу народите.

Тој додаде дека „силите на протекционизмот кренаа глави против глобализацијата“. Моди директно не ги спомна американскиот претседател Доналд Трамп или САД, но потенцира дека „решението на оваа загрижувачка ситуација против глобализацијата не е изолација“.

– Не сакам прозорците на мојата куќа да бидат затворени од сите страни. Сакам ветровите на културите на сите земји да влезат во мојата куќа со самоувереност и така да излезат – истакна Моди цитирајќи го Махатма Ганди.

Тоа е прв индиски премиер кој присуствува во Давос од 1997 година.

Првпат по речиси две децении најавено е и учество на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е предвидено да го одржи завршниот говор.

Слични содржини