Ние ги променивме правилата на играта, вели премиерот

20160318.hlljqjfoenДенес со голем интерес се очекува самитот во Брисел меѓу ЕУ и Турција, на која треба да се разгледаат можни решенија на кризата со мигрантите. За да ги задржи мигрантите на своја територија Турција постави услови на ЕУ, меѓу кои сериозна финансиска помош, поедноставување на постапката за укинување на визите за турските граѓани во ЕУ и да почне преговори за пристапување кон ЕУ.Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу рече дека со својот предлог кон Европската унија во миграциската криза Турција целосно ги изменила правилата на играта.

“Вкупната атмосфера во европското општество е за   потребата да се изврши притисок врз Турција. Но ние излеговме со фер предлог и целосно ги изменивме правилата на играта. Европа дебатира не  за она што Турција не го направила, туку ја  разгледува нашата иницијатива. Ние водиме политика на отворање на блокираните патишта за решавање на проблемот со мигрантите, посочи Давутоглу. – Нашиот предлог кон ЕУ уште е на дневен ред. Иницијативата ни е јасна и чесна. Таа цели на  целосна премин а за нелегалната миграција. Се надеваме дека Европа ќе донесе одлука што ќе ги израдува бегалците. Но ние нема да ја направиме Турција затвор под отворено небо за бегалците. “/

Слични содржини